15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Младите сакаат да бидат помалку зависни од екранот: „Глупавите“ телефони се сè попопуларни во САД

Во обид да ја намалат зависноста од нивните паметни уреди, се повеќе млади луѓе во САД купуваат „глупави“ телефони, односно мобилни телефони од раните 2000-ти.

Зависноста од паметните телефони е глобален проблем, но младите во САД се чини дека имаат решение. Наместо паметни уреди, тие се повеќе купуваат „глупави телефони“.

Тие се нарекуваат и телефони со функции, а се однесуваат на уреди од раните 2000-ти, ерата пред екраните на допир и малите компјутери што ги носиме во нашите џебови.

Така, сега популарноста на компаниите како Punkt и Light вртоглаво расте. Тие произведуваат, како што се нарекуваат, минималистички мобилни телефони. Имаат само основни функции и многу личат на уреди од почетокот на бумот на мобилните телефони.

Сепак, тие инсистираат дека не се против модерната технологија. Тие нагласуваат дека нивниот фокус е да најдат рамнотежа во животот.

Според HMD Global, која произведува Nokia уреди, само илјадници телефони на преклоп се продаваат секој месец.

Треба да се каже дека повеќето од овие телефони се уште се продаваат на Блискиот Исток, Африка и Индија, пишува CNBC.

Спонзорирано: