Нема ризик од нагло зголемување на цените по истекот на мерките, гарантира министерот Бектеши.
Тој рече дека разговарал со земјоделците и трговците и дека им укажал на тоа дека мерките може да продолжат и по 31 мај.
„Сè додека имаме потреба од вакви мерки, ние ќе ги имаме. Нема ризик од нагло зголемување на цените по истекот на мерките. Мерките може да продолжат и по 31 мај. Трговците може да направат калкулации во утврдување на финалната цена, сите се со маржа на профит“, објасни Бектеши.