11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Град Скопје со демант за лажната вест за пропаѓање на камион на плоштадот

Соопштение на Град Скопје:

Жалиме што на овој начин мораме да реагираме, но мораме да ја констатираме неподготвеноста на одредени медиуми соодветно да ги проверат информациите кои се пласираат на социјалните мрежи, креирани во партиски кујни, и ги претставуваат како кредибилни.

Вистината, доколку медиумите кои објавија за наводно пропаднат камион на плоштадот „Македонија“ се интересираа, е дека овој настан не се случил. Ниту камион возел преку плоштадот „Македонија“, ниту пак пропаднал во фонтаната.

Секој приод кон плоштадот „Македонија“ по последниот инцидент пред прославата за Нова Година кога пропадна комбе на странски државјанин во подземната фонтана, е забранет за возила и физички со поставени столбови е оневозможен.

Фонтаната на плоштадот „Македонија“ е оградена и обележана, и е оневозможен пристап за возила кои би можеле да поминат врз истата (фото во прилог од денешна ситуација).

Бараме сите медиуми кои го паднаа тестот за кредибилитет и објавија лажна вест без да ја проверат, да го објават овој демант и објаснување.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар е единствена општина што оформи свое јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар”

C +

Јакимовски: Фотоволтаичните панели не се шминка, туку вистинска работа

C +

Герасимовски: За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар

C +
error: Соддржината е заштитена.