Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Средба на Петровска со претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генералот Бриегер: Северна Македонија е извозник на безбедност и стабилност во регионот и во Европа

Утрово во Брисел, министерката за одбрана Славјанка Петровска се сретна со претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија, генералот Роберт Бриегер, со кого разговараше за придонесот на Северна Македонија кон регионалната и глобалната безбедност и за интензивирањето на одбранбената соработка помеѓу нашата држава и Европската Унија.

„Навистина можеме да бидеме горди на постигнатото. Од увозник на безбедноста, Северна Македонија се позиционираше како столб на регионалната безбедност и стабилност. Потврда за тоа е нашето учество во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, АЛТЕА од 2006 година, како и нашето учество во борбените групи на Унијата“, рече министерката на состанокот. Информираше дека досега 363 армиски припадници биле дел од АЛТЕА, додека во мисијата на ЕУ во Централноафриканската Република учествувале 6 армиски офицери.

Петровска изрази задоволство од силниот интензитет на одбранбената соработка помеѓу земјата и Европската Унија и се заблагодари за европската поддршка на процесот на модернизација и опремување на Армијата со девет милиони евра обезбедени преку Европскиот мировен фонд.

„Фактот дека Европскиот мировен фонд покажа интерес да го поддржи опремувањето и модернизацијата на Армијата со 9 милиони евра, покажува дека интересот за уште поблиски односи помеѓу Северна Македонија и Унијата е голем. Нашата земја го започна пристапниот процес, нашето општество е базирано на современи европски вредности и ние припаѓаме на Европа“, заклучи министерката.

Генералот Бриегер изрази задоволство што и двете страни се амбициозни во намерата да ја зацврстат одбранбената соработка и се заблагодари за долгогодишното учество на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисии и операции на Унијата.

Можеби ќе ве интересира

Отежнато гасењето на пожарот во беровско – Вечерва координативниот состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Берово

ДЕСК

КОНЕЧНО ЌЕ ЗДИВНЕМЕ ОД ПЕКОЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, ДОАЃА ПОВЕЌЕДНЕВНО ЗАЛАДУВАЊЕ СО ОСВЕЖУВАЊЕ ОД ДОЖД – Метеоцентар со неколкудневна детална прогноза

ДЕСК

НИ ВЕЧЕРВА НЕ СТИВНУВААТ ПОЖАРИТЕ, ГОРИ НА 15 ЛОКАЦИИ – 11 се активни пожари, 4 се под контрола

ДЕСК