14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Ковачевски во Охрид ги пречека делегациите на Србија и Косово пред официјалниот почеток на дијалогот

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид, ги пречека делегациите на Србија и Косово пред официјалниот почеток на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

На официјалниот пречек присуствуваа и претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел како и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Високиот претставник Борел, со поддршка од специјалниот претставник Лајчак, ќе одржат одделни состаноци со лидерите на српската и косовската делегација, претседателот Вучиќ и премиерот Курти, кои започнуваат во 10:00 часот, по што ќе следи заеднички состанок. Состаноците ќе се фокусираат на европскиот предлог за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ ИМА ОСВЕЖУВАЊЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Почина оперската дива Милка Ефтимова

C +

Стејт департментот: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Северна Македонија

C +