13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Измамен скопјанец – му побарале лична карта за да му купат лекови, па извадиле брз кредит на негово име

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца скопјани А.Б.(46) и З.З.(56), кои со измама извадиле брз кредит на име на друго лице, без негова согласност.

„Првопријавениот А.Б. на 20.08.2021 побарал лична карта и здравствена легитимација од оштетениот М.Б., со изговор дека му требаат за земање лекови и, по претходен договор, ги дал на второпријавениот З.З., кој бил надворешен соработник во финансиско друштво од Скопје, со цел добивање на брз кредит од финансиското друштво, при што второпријавениот З.З. поднел апликација и добил кредит на име на оштетениот М.Б., без негово знаење и согласност“, соопши МВР.

Измамниците се гонат за кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит и друга погодност“.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Паника поради падот од 130.000 гласа

ДЕСК

Судот оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

ДЕСК

Повеќемина повредени во тешка сообраќајка кај Меџитлија, откако форд излетал од патот

ДЕСК