25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Битиќи до младите: Внимателно и секогаш ве слушам

„Праќам порака до сите вас и ве уверувам дека внимателно и секогаш ве слушам“, им порача заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на младите со кои дискутираше за заклучоците на проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“.

Вицепремиерот Битиќи рече дека е дојден да ги ислуша младите, да слушне од прва рака кои се нивните потреби, и што тој како вицепремиер може да направи за овие млади да ги реализираат нивните соништа, да добијат квалитетни работни места кои нудат можности за нивен развој.

„Денеска сум тука за да ги сослушам сите нив Аријан, Ирена, Бленди, Мартин, Сара, Нина, Жанета, Јана, Берин, Влатко, Леке, Гент, Хилал, Арта, Славчо, Викторија, Петар, Александар, Марио. Праќам порака до сите вас и ве уверувам дека внимателно и секогаш ве слушам! Со нетрпение очекувам да ги отвориме сите теми кои се од нивен интерес и кои им се потребни за нивната добра иднина. Знам дека имам многу што да слушнам од нив и дека нивните потреби ќе ги претвориме во политики“, порача Битиќи.

Вицепремиерот ги увери младите и им порача дека токму преку процесот на Националната Развојна Стратегија (НРС) тие ќе го најдат својот дел во општеството, бидејќи само така нив ќе им биде дадена јасна слика каде ќе биде нашата земја во наредните 20 години, што впрочем е и нивно барање.

Вицепремиерот Битиќи, додаде дека неговата главна заложба како вицепремиер, но и на целата Влада е креирање на високо платени работни места за младите, што претставува еден императив, бидејќи младите сакаат да им се даде шанса да успеат овде, во нивната татковина, преку квалитетни работни места.

Заменик-претседателот на Владата посочи дека иднината на младите е во четвртата индустријализација која нуди квалитетни работни места, а тоа се вештачката интелигенција преку учење роботика, дигиталниот маркетинг, сајбер сигурноста, мекатрониката, роботика, како идните професии кои ќе се бараат на пазарот на труд, и дека заедно со нив ќе соработува ова да се вметне во формалното и во неформалното образование.

Инаку, проектот “Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, се спроведува од Институтот за добро владеење и евроатлантска перспектива (ИДУЕП), финансиран од Европската Унија, а под-доделена од фондацијата „Ана и Владе Дивац“.