17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За брзо возење санкционирани 240 возачи

Полицијата вчера спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи.

Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 132 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 108 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар (ВИДЕО)

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК