13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Сите плати во државата растат, нема да е голем бројот на работници кои земаат минималец

„Ги чекаме податоците од УЈП за исплатата на мартовската плата. Платите растат и нема да е голем бројот на работници кои земаат минимална плата. Платите растат и во јавната администрација и во приватниот сектор“ рече министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека со порастот на минималната плата се зголемува платата на сите во државната администрација каде што матичните закони се усогласени со законот за минимална плата.

„Платите растат и во приватниот сектор, бидејќи за да си ги задржат вработените и да имаат поголема продуктивност, верувам дека и компаниите ќе ја зголемуваат платата на работниците“ рече Тренчевска.

Министерката објасни дека минималната плата која ја одредува државата е само законска основа за најниска плата и тоа не значи дека таа треба да биде плата која ќе ја земаат работниците.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.