Денеска на седница на Влада донесовме нова одлука за донација за Украина во воена опрема и вооружување, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во гостувањето во ТВ21.
-Во скоро време, односно тогаш кога ќе имаме сознанија дека не постојат безбедносни предизвици ќе направиме декласификација на одлуките. Тоа се вкупно шест одлуки досега и денеска извршив делумна декласификација, во однос на видот на опрема, но не и на бројот, рече Петровска.
Таа додаде дека дел од донациите се во пешадиско вооружување, тенкови, воздухоплови – сухои, средства за противоклопни напади, муниција и друго.
-Таа опрема се наоѓаше во магацините на Армијата и не ја нарушува борбената готовност на нашата Армија, рече Петровска.