Албанскиот амбасадор Фатос Река на денешната конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија подвлече дека тоа е една долга година која помина, и дека сите посакувавме да не мора да бидиме денеска овде.
Една година помина од нападот на руската војска врз слободата и слободата на државата на Украина. И кога почна таканаречената „специјална воена операција„ однесе илјадници жртви, од населението создаде милиони бегалци во целата Европа и предизвика разорување на целата земја, да не споменуваме индиректното влијание на глобалната енергетска криза, изјави Албанскиот амбасадор Фатос Река.
Амбасадорот во обраќањето потсети и на изјавата на украинскиот министер за надворешни Димитри Кулеба кој рече дека руските триупи имат направено воени злосторства против човештвото, како и на скорешното интервју на Генералниот секретар на Алијаната Јенс Столтерберг во кое тој објасни како НАТО сојузниците да дават поддршка на Украина.