Соопштение на СДСМ:
Успешните мерки и политики на Владата предводена од СДСМ даваат видливи резултати.
СДСМ предвреме го исполни ветувањето дадено пред граѓаните во програмата за парламентарните избори во 2020 година, за просечна плата од над 34.000 денари до јули 2024 година.
Просечната плата во декември 2022 година се искачи на 34.364 денари. За само една година таа е зголемена за 4.421 денари или за 14,8 отсто.
За пет години просечната плата во државата е покачена за 44 проценти.
Минималната плата во март минатата година е зголемена на 18.000 денари, а од наредниот месец таа ќе изнесува 20.200 денари.
Ова претставува предвремено остварување на уште едно ветување на СДСМ за минимална плата од 20.000 денари до крајот на мандатот.
СДСМ, и во услови на голема глобална економска криза, ги исполнува ветувањата, дадени пред граѓаните.