„Нашите ставови се јасни, вратата е отворена за сите партии кои имаат претставници во законодавниот дом, но и за тие кои немаат, а се на европскиот пат и ги делат ставовите, размислувањата и политиките“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Утрински печат“.
Тој додаде дека члнеството во ЕУ е стратешка цел која треба заеднички да ја оствариме и затоа упати повик до сите партии и поединци кои исто размислуваат дека има простор за понатамошна соработка.
„Во периодот што следи ќе иницираме разговори со сите политички чинители, бидејќи важно е да се разговара и аргументира. Она што сега опозицијата го право е само водење инает, без аргументи“ рече Каевски.
Пратеникот од СДСМ додаде дека ќе се организираат средби и консултации и дека ќе се соочат фактите и аругментите, бидејќо само со дијалог може да се дојде до решение.
„Блокирањето не носи корист никому, а носи само штета. Верувам дека ќе се случат средби, вклучително и лидерска средба и дека до крајот на годината ќе има мнозиснтво што ќе гласа за уставните измени“ рече Каевски.