Денеска (21.2.2023), на автобуска постојка на булеварот Крсте Мисирков, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит-пазар го лишиле од слобода Ф. С. (53) од Скопје.
Тој бил затекнат при извршување џебна кражба, при што од Е. А. (35) од Скопје, при влегување во автобус, одзел личен предмет.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.