Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Подгответе се: Посебен режим на сообраќај во сабота во Скопје

Утре (18.02.2023) по повод верскиот празник задушница од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Имено, со почеток од 06.00 часот сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Можеби ќе ве интересира

Александар Јовановски е нов директор на ЈП “Комунална Хигиена” – Скопје

ДЕСК

Ветување дека помошта за пензионерите од 2.500 ќе биде зголемена на 5.000 денари за пензионерите во оваа општина

ДЕСК

Д-р Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

ДЕСК