18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

РЕК „Битола“ почна со мини ремонтот на Блокот 2

Во РЕК „Битола“ почнаа активностите за нега и санација на Блокот 2. Мини ремонтот на постројката предвидено е да трае околу две недели. Во овој период планирани се повеќе интервенции на разни позиции со цел зголемување на стабилноста и доверливоста на блокот.

Блокот 2 до исклучувањето синоќа во 2 часот по полноќ беше во континуиран работен процес над 75 дена. Минатата година Блокот 2 произведе 1.382.666 MWh електрична енергија, што претставува рекорд во последните 8 години. Мини ремонтот, кој почна, треба да обезбеди стабилност на производството на електрична енергија до крајот на грејната сезона на оваа 39 години стара постројка.

Во согласност со планот за производство, во АД ЕСМ продолжуваат со работа сите други капацитети и потребата за електрична енергија на домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните снабдувања се обезбедува исклучиво од домашно производство.

Можеби ќе ве интересира

„ Измени и дополнувања на Законот за енергетска ефикасност: Пониски сметки, почист воздух, тројно зголемена заштеда и задолжителни соларни системи во јавните згради“

ДЕСК

Поевтини се, многу вкусни, не мора да ги враќате стаклените шишиња во продавница – Широк спектар на увозни пива ги освојува срцата на Македонците ова лето

ДЕСК

Зошто увозните пива доминираат на македонските маркети? – Многумина сметаат дека се повкусни и поевтини

ДЕСК