23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата: Одлуката на Судот во Стразбур е во корист на државата

Владата на Република Северна Македонија ја поздравува денешната одлука на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), која е во полза на државата, и потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени, вклучително и во делот за наводните помилувања.

Аргументите на Владата во однос на недозволеноста на апликациите се целосно уважени од страна на ЕСЧП. Спротивно на тврдењата на апликантите, ЕСЧП не утврдува прекршување на Европската конвенција за заштита на човековите права (ЕКЧП).

„Одлуката што денес ја донесе ЕСЧП се однесува на 6 случаи, кои пред Судот во Стразбур ја тужеа Република Северна Македонија со наводи за повреда на ЕКЧП по член 5 и член 6. Со одлуката Судот смета дека жалбите на апликантите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови.

Како држава членка на Советот на Европа, Владата ја користи оваа ситуација да ја повтори својата посветеност и кон владеењето на правото и на Европската конвенција за човекови права и вредностите што ја поткрепуваат. Како држава што води преговори со ЕУ, со крајна цел полноправно членство на Северна Македонија во Унијата, посочуваме дека владеењето на правото е еден од највисоките приоритети“, се вели во соопштението од Владата.

Од таму посочуваат дека „Владата на Република Северна Македонија во рамките на своите надлежности обезбедува поддршка за самостојно и независно функционирање на правосудниот систем. Во таа насока би сакале да ја информираме јавноста дека со оглед на фактот што кривичните постапки на кои се однесуваат апликациите и оваа одлука на Судот во Стразбур сè уште се во тек пред домашните судови, Владата во овој момент нема да дава дополнителни коментари за да не би влијаела на понатамошните процеси“.