24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Однесувањето на ВМРО ДПМНЕ е исто, без разлика на промената на Груевски со Мицкоски

Во ВМРО-ДПМНЕ нема промена во однесувањето и покрај смената на Груевски со Мицкоски, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ Шења. Според него, нема причина за парламентарни избори, бидејќи, како што рече, нема ништо драстично да се промени на политички план. Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ги условува уставните измени со предвремени параментарни избори, тој одговори:

-Немаме разговор со нив за ниедно прашање кое може да се доведе во ваква корелација. Мора да се воспостави платформа на дијалог, да се стави приоритет на националните пред партиските интереси. Националните интереси не се решаваат со избори, тоа се партиски потреби на политичките партии, нагласи Спасовски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ секогаш декларативно е против одредени процеси, но потајно ги поддржува.

-Имаа многу механизми да попречат одредени процеси, но тоа не го направија иако велеа дека се против. Она на што навистина се спротивставија е демократското предавање на власта, сетете се на 27 април, ќе имавме смрт на пратеник, рече Спасовски.

Тој истакна дека е потребна храброст во носењето на одлуките.

-Се креира фама дека некој нешто може да ни одземе при влегувањето во ЕУ. Имаше хистерија дека некој ќе го продаде идентитетот, јазикот… Тоа се креира од структури кои се приврзаници на геостратешки политики кои се прекршуваат врз нашата земја и змејите од регионот, истакна Спасовски.