14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со „бмв“ излетал од патот и удрил во заштитна ограда на Стража, двајца повредени

Две лица се тешко повредени кога 22-годишниот возач со автомобил „бмв“ излетал од патот и удрил во заштитна ограда на магистралниот пат Кичево – Гостивар, на превојот „Стража“.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, А.У.(22) од с.Поповјани, кичевско, а со телесни повреди се здобил сопатникот Д.Н.(19) од Кичево, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот центар во Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска учествува на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон

ДЕСК

Данилоски: Четири години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром – четири години застој, лаги и неработење!

ДЕСК

По десет илјади денари за секое новороденче ветување за оваа општина

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.