Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Грковска: Владата во соработка со Метаморфозис ќе ја подготви новата Стратегија за транспарентност

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со цел подготовка на нова Стратегија за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија, која ќе придонесе кон подобрување на транспарентноста и отчетноста на Владата и институциите врз основа на принципите за соработка со граѓанското општество и размена на знаења и искуства.

Стратегијата за транспарентност ќе има за цел да послужи како механизам за поврзување и усогласување на веќе донесените стратешки документи и законската рамка, кои на директен или индиректен начин ја подобруваат транспарентноста на домашните институции.

Потпишувањето на овој Меморандум следи по Иницијативата на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и задолжувањето на институциите од јавниот сектор да го зголемат обемот на информации од јавен карактер што ги објавуваат на своите веб-страници, со што значајно ќе се унапреди транспарентноста и отчетноста на институциите.

Со креирањето на овој стратешки документ, правилата за комуникација на институциите со граѓаните и начелото на транспарентност ќе бидат операционализирани и унапредени.

Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија ќе биде подготвена преку широк консултативен процес.

Можеби ќе ве интересира

Заев до Груевски: За разлика од тебе, којшто се капеш во украдените парите на граѓаните на Македонија, јас достоинствено работам и своето време и натаму ќе го трошам на работа

ДЕСК

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

ДЕСК

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.