16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски му честиташе 100-ти роденден на претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичката војна на Македонија 1941-1945, Никола Стојановски

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Честит 100-ти роденден почитуван претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичката војна на Македонија 1941-1945, Никола Стојановски, со срдечни желби за добро здравје и понатамошни успеси!
Д-р Стојановски, ви посакувам да Ве служи здравјето уште многу години! Нека Вашата посветеност, одважност и мудрост продолжат да бидат инспирација за секоја следна генерација во нашата држава, но и пример за сите членови на Сојузот на борците и продолжувачите.
Инаку, д-р Никола Стојановски е учесник во НОБ и еден од ретките живи борци од Втората светска војна, а веќе втор мандат ја извршува функцијата претседател на Главниот одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи.
Роден во велешко, завршил Медицински факултет во Белград и речиси целиот работен век е педијатар и директор на Болницата во Велес. Ја извршувал и функцијата пратеник во првиот парламентарен состав на независна Македонија и бил претседавач на првата конститутивна седница на Собранието во 1991 година како најстар и угледен пратеник во тогашниот состав, а бројните одликувања и признанија говорат за несебичната заложба за напредок на граѓаните и државата.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК