АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот превој Ѓавато.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Во прекин е сообраќајот на патот Скопје-Танушевци, поточно од с.Бродец кон с.Танушевци поради големи наноси од снег и ветер.
ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.