24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Јаневска: Доцни исплатата на стипендиите, а на студентите не им се исплатени ни парите за студентски оброк

„Учениците и студентите останаа без поддршка од државата. Доцни исплатата на ученичките и студентските стипендии. Наместо државата да ги мотивира, но и да им помогне на младите во овие кризни времиња, кога голем дел од семејствата одвај врзуваат крај со крај, тие се оставени да преживуваат како знаат и умеат“, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Јаневска посочи дека „учениците што стекнале право на стипендија во оваа учебна година не добиле ниту денар. Од друга страна, резултатите од конкурсот за студентски стипендии за студиската 2022-2023 година уште не се објавени, а којзнае кога ќе им се исплатат парите на оние што ќе се најдат на списоците“.

„Нема пари ниту за субвенциониран студентски оброк, иако беше ветено дека ќе се исплаќа месец за месец. Министерството за образование и наука не може да го исплати износот од 120 денари, а не пак, како што најави, да го зголеми тој износ. И сè ова е малку, па натаму додаваме. Учениците запишани во математичката гимназија цела недела губат часови по математички и информатички предмети. Немало средства да им се исплатат платите на професорите“, порача таа.