24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Ново бегство од затворот „Скопје”, мора ли крв да падне за одговорност на Тупанчески и Андов?

„Уште еден затвореник му избега на Сокол од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Второ бегство за две недели. Пред два дена од затворот, каде што директор е Филип Андов-Сокол, избегал Ариф Алили од Кичево. И Алили, најновиот бегалец од затворот под окото на Сокол, како и бегалецот пред две недели, бил дел од таканареченото слободно одделение. Ариф е еден од двајцата браќа Алили добро познати на кичевската јавност, уапсен во септември 2020, бил осуден на три години по опсежна акција за апсење наркодилери, а од затворот во Шуто Оризари бега на пет месеци пред истекот на казната“, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски смета дека „ова повеќе не може да се гледа како случајност, ова се системски пропусти, ако не и намерни системски пропусти. Ова повеќе не е држава, туку територија на мафијата, во која затвореници, кога сакаат, непречено излегуваат од затвор“.

„Пред две недели од затворот во Шуто Оризари си замина Нафи Абдиовски, затвореник со цел фотоалбум со цел СДС, власта му премолча на миленикот Сокол. Сега се случува уште едно бегство, а власта пак молчи и се крие. Уште колку затвореници треба да излезат од тој затвор за да се побара одговорност? Мора ли крв да падне како во Идризово за да се реагира?“, вели Стоилковски.

Напоменува дека „затворите станаа решето, од нив бега секој што има врска со СДС, мафијата и нивните структури распоредени во затворската хиерархија. Потребни се оставки и одговорност и од миленикот на СДС, Филип Андов-Сокол, и од министерот за правда, Никола Тупанчески.