Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

119 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (26.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 119 возачи. Од нив пет возилa се движелe со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 56 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 63 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК

Тројца против дечко и девојка: ноќна пресметка во Кисела Вода

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.