Уставниот суд денеска ја одржа 3. седница од 2023 година со дневен ред на кој се расправаше по пет иницијативи, едно барање за заштита на слободи и права и за еден предлог е донесена укинувачка одлука.
1.У.бр.22/2022
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 14 став 2 од Законот за јавното обвинителство („Службен весник на Република Северна Македонија” број 42/2020).
Подносител на иницијативата: Грански независен синдикат на полицијата од Скопје.
2. У.бр.88/2022
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 153-а став 3 во делот „жена“ и став 4 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 54/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/206, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/2019, 42/2020, 74/2021 и 215/2021).
Подносител: Самка Ибраимовски
У.бр.113/2022
Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2010) и член 1 од Законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“бр.139/2014).
Подносител: Бојан Стојевски, адвокат
У.бр.107/2022
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 54, член 68, член 69 став 1 алинеја 1, член 98 став 1, член 99 став 4, член 100 и член 101 од Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на децата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.220/2022).
Подносител на иницијативата: Кирил Михајлоски, адвокат
У.бр.13/2021
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката бр.08-566/1 од 05.03.2020 година за усвојување на конечниот Предлог ДУП-Урбана Единица „В“ – Блок 23, за плански период 2016-2021 донесена од Советот на Општина Гостивар на 23-та седница одржана на 05.03.2020 година („Службен гласник на Општина Гостивар“ бр.3/2020).
Подносител на иницијативата: Дијана Мијовиќ, адвокат од Скопје како полномошник на Бесник и Агрон Синани.
II- БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
У.бр.74/2021
Предлогот за отфрлање на барањето за заштита на слободи и права не доби мнозинство гласови и ќе биде ставен на некоја од наредните седници.
Оспорен: Toчка 1 алинеја 2 од Одлуката за избор на заменици на Народниот правобранител, бр.08-7050/1, донесена од Собвранието на Република Северна Македонија на 25 декември 2019 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.271/2019) и Предлог на народен правобранител, доставен до Собранието на Република Северна Македонија, за избор на Илбер Руфати за заменик на Народниот правобранител за подрачната организациона единица во Кичево.
Подносител на барањето: Илир Рушани од с.Зајас, Кичево
У.бр.80/2021
Уставниот суд ја укина Одлуката на Советот на Општина Центар-Скопје за донесување Детален урбанистички план Градска четврт J 07- локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара со број 07-4414/4 од 18.07.2014 година, објавена во „Службен гласник на Општина Центар Скопје” број 9/2014.