25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Ковачевски од Охрид: Да покажеме зрелост и да се обединиме во заедничкото добро

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за правда Никола Тупанчевски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, денеска во Охрид присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици.

По церемонијата на осветувањето на водите на Охридското езеро и положувањето на светиот крст, премиерот Ковачевски поразговара со присутните граѓани и рече дека е убаво на ваков голем празник да се биде во нашиот древен Охрид, посакаувајки им на нив и на сите граѓани во државата добро здравје, радост, спокој, лична и семејна благосостојба. А, му честиташе и на граѓанинот кој го фати крстот, со верба дека ќе му донесе среќа.

Претседателот на Владата, Ковачевски, утрината присуствуваше и на литургијата во црквата Успение на Пресвета Богородица, којашто се служеше во чест на денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.

Во разговорот со владиците и со присутните граѓани, премиерот Ковачевски рече дека симболиката на влегувањето во водите, како потсетување на Исусовото крштевање во реката Јордан е значајна и поради безвременската порака на којашто упатува празникот, дека во природата на луѓето е шансата да се биде подобра личност.

А денешниот ден упатува токму на обновата како важен дел во духовниот развој на луѓето и за доброто на општеството.

„Со меѓусебно разбирање и грижа едни за други, да покажеме духовна зрелост и да дадеме заедничка поддршка на мирот и на развојот како заедничко добро.

Честит и вековит да е големиот христијански празник, Богојавление – Водици!“, посака премиерот Ковачевски, при честитањето на празникот во Охрид.