Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната промоција на фитнес центарот во ПЦ Ѓорче Петров, оствари средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, при што за време на средбата, министерот Спасовски на големо изненадување на директорот Мојсовски, во свое име му врачи дрес од македонската ракометна репрезентација, со негов потпис, во знак на заедништво и поддршка за македонските репрезентативци на претстојното Светско ракометно првенство, кое се одржува во Шведска и Полска.