Вчера, во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по преземени оперативни мерки и активности, на подрачјето на Центар лишен е од слобода Д. Г. (21) од Скопје.
При претрес извршен со судска наредба во помошни простории од зграда, кои ги користел, биле пронајдени и одземени дигитална вага и пакување со марихуана.
Лицето, како што соопшти полицијата, е приведено во полициска станица, а до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.