27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ТАВ: Од 9 часот нема откажани летови на скопскиот аеродром

Од 9 часот утрово наваму нема откажани летови на Меѓународниот аеродром „Скопје“, соопшти „ТАВ Македонија“.

Од таму додаваат дека од 20 часот на 2 јануари до 9 часот утрово денеска на 3 јануари 2023 година, авиокомпаниите откажале 10 лета, а пренасочиле 3 поради намалена видливост како резултат на густата магла во Скопската Котлина.

Во согласност со правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците.

„За сите натамошни информации во врска со стекнување на патничките права, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија, со чии услови и правила на користење се согласиле кога ги купиле авионските карти. Доколку патниците имаат потреба дополнително да ги бараат своите патнички права, ги упатуваме да се обратат до Агенцијата за цивилно воздухопловство, на чија веб-страница се пропишани правилата и условите за нивно остварување: https://www.caa.gov.mk/

Во моментот не очекуваме нарушувања, но видливоста е променлива и зависи од временските услови во кои се наоѓа Скопската Котлина веќе неколку дена. Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: www.skp.airports.com.mk во делот „Летови“ (заминувања/пристигнувања). Таму евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи“, велат од компанијата.