Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, со порака дека треба да останеме доследни на стратешките цели и Македонија да ги продолжи преговорите.
„Во периодот кој следи мудро да ја искористиме наклонетоста која ја имаме кај европските институции, геополитичките случувања и доброто ниво на подготовка на земјата за побрзо да напредуваме во процесот на евроинтеграциите.
Сето ова ми дава реален оптимизам дека 2023 ќе биде уште подинамична, но и поуспешна. Очекувам, во позитивна атмосфера, со заеднички консензус и обединување околу евроинтеграциите, да ги направиме и уставните измени“, вели Маричиќ.
Ова е прашање кое, како што вели, ќе го одреди правецот на движење на државата и европската перспектива.
„Очекувам сите да преземат одговорност за судбината на европскиот пат на Северна Македонија и наместо домашна блокада, Северна Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ“, вели Маричиќ.
Граѓаните, додава тој, тоа го сакаат и знаат зошто Северна Македонија треба да чекори на европскиот пат. Според него, тоа е единствениот пат кој нуди сигурност, економски напредок, благосостојба и извесност за сите во државата.