25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Преку крупни проекти МВР со 100-отстотна реализација на буџетот

Министерството за внатрешни работи заклучно со 27.12.2022 година со 100% реализација на буџетот. Поточно од обезбедениот буџет за 2022 во износ од 10,30 милијарди денари, досега се искористени 10,29 милијарди, односно точно 99,92%. Или поединечно во конта, процентот на реализација на конто 40 изнесува 99,97%, за контото Стоки и услуги е 99,77%, за Субвенции и трансфери е 99,21%, а во делот на Капитални расходи реализацијата е 99,97%.

Со најголем дел од средствата беа реализирани инвестиции за реконструкција на полициските објекти, па годинава заврши реновирањето и санација тана 7 објекти и тоа на: Одделот за заштита на определени личности и објекти, ОВР Радовиш, ЕВР Карпош, ОВР Берово, ОВР Делчево, ОВР Свети Николе, ЕВР Гази Баба, со имплементирани мерки за енергетска ефикасност. Покрај нив, на 15 објекти низ целата држава беа поставени соларни панели и беа монтирани повеќе од 1.500 високо ефикасни инвертер клима уреди, со што беa исфрлени дрвото и мазутот како енергенси, што придонесоа до околу 30% заштеди во електрична енергија.

Со средства од буџетот на министерството, годинава практично, целосно е заокружено материјалното обезбедување на униформираните полициски службеници. Набавени се 8.500 пара високи специјални чизми и 10.000 парчиња ремени со кои се заврши циклусот на опремување на полицијата. Воедно, беше променет голем дел од компјутерската инфраструктура стара повеќе од две децении, со набавка на 1.500 компјутери, а започна и процесот на модернизација на печатницата на МВР, преку замена на машините стари и по 3 – 4 децении, со нови дигитални машини, при што крајна цел е заокружена целина на модерна дигитална печатница. Во текот на 2022 година се направи промена на застарениот видео надзор, а на дел од локациите за првпат се постави видео надзор по највисоки стандарди, со цел заштита и поголема транспарентност на полицијата како една од целите на МВР спрема граѓаните. Исто така, во тековната година беше реализирано третото зголемување на платата за 5% во период од 6 години, а исплатени се бонус плати и за околу 6.000 вработени, за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2021 година.