15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 20 училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +