30. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Изминатото деноноќие произведени 16.679 MWh електрична енергија и целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

АД ЕСМ на 26.12.2022 година произведе 16.679 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 10.949 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.730 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.500 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.