13.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Подарок што не е пожелно да се донесе дома – експертите за фенг шуи советуваат веднаш да го фрлите

Според експертите за фенг шуи, треба да внимаваме какви работи внесуваме во нашиот дом. Се поставува прашањето дали навистина не е важно какви подароци добиваме од другите луѓе или дали треба да се грижиме за тоа.

Се верува дека најлошото нешто што можеме да го внесеме во куќата е подарок добиен од љубоморна и завидлива личност, која длабоко во себе не ни посакува добро. Таквите луѓе не се среќни кога ви оди добро, кога ќе постигнете нешто важно и големо за вас, но тие ќе бидат први во редот да ви донесат подароци.

Нивната негативна енергија ќе се пренесе на предмети и полека, но сигурно ќе влијае на вас и на вашата околина. Тоа ќе внесе немир и друга негативна енергија во вашиот дом.

Ако нешто едноставно не ви се допаѓа кај таа личност, безразлика колку е љубезна со вас, тоа е првиот и веројатно најсилниот знак дека не треба да добивате подароци од таа личност. Вашата интуиција е многу силна и не треба да ја игнорирате. Слушајте ги вашите чувства и бидете сигурни дека ретко ќе погрешите.

Ако сте планирале само да го ставите подарокот некаде на страна, тоа нема да функционира. Најдобро би било да го фрлите што подалеку од куќата, според некои, можеби и да го запалите.