24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Возеле брзо, имало пијани, минувале на црвено, а некои немале возачки – Полицијата напиша десетици казни

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон…

Во текот на изминатата вечер (24/25.12.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 36 возачи. Од нив 16 на територија на Битола, 10 во Прилеп, 5 во Ресен, 4 во Демир Хисар и 1 во Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 29 останати прекршоци.

На 24.12.2022 во 18.45 часот било пријавено дека во близина на с.Горобинци, во правец од Свети Николе кон Скопје, патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.М.(45) од Свети Николе, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничкиот центар во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Во текот на изминатата вечер (24/25.12.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот на подрачјето на СВР Тетово беше спроведена акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол, во која се откриени и законски санкционирани 9 мерки (ТЕ-6 и ГВ-3). Покрај ова, при контролата санкционирани се и 8 останати прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-5), а на сите возачи-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.