На 22.12.2022 во 00.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово. Тој се сомничи дека на 21.12.2022 во 22.35 часот со закана кон вработениот од спортска обложувалница на ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“ одзел пари.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.