14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Предновогодишно расположение со корисниците на услуги од Министерството за труд и социјална политика

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претставник од кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија ја проследија претставата „Писмо за Дедо Мраз“ во изведба на децата од Детското драмско студио „Неверленд“. Во публика заедно премиерот и министерките беа и децата од згрижувачки семејства и деца од дневните центри на ниво на целата држава.

Министерката во непосредна комуникација со присутните истакна дека ваквите настани ќе продолжат во овој предновогодишен дух со цел градење на среќни моменти со сите корисници на услугите на Министерството за труд и социјална политика.
По изведбата на театарската претстава беше направена заедничка фотографија и им беше доделено од страна на Дедо Мраз новогодишни пакетчиња на сите деца.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ВЛАЖЕН БРАН КОЈ ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – Детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Пронајдено починато машко лице на ридот над германските гробишта во Битола

ДЕСК

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.