24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возеле брзо некои, некои биле и пијани – Стотици казни за едно деноноќие

Во текот на вчерашниот ден (19.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 112 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци…

На 19.12.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 31 прекршоци, од кои 20 во населено место и 11 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за прекршок сторен од пешак, 2 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 7 за непрописно паркирање.

Во текот на вчерашниот ден (19.12.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 28 возачи. Од нив 20 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 8 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.