9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Апсења на неколку локации низ Македонија

На 19.12.2022 во 18.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода Т.К.(48) од Гевгелија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.12.2022 во 13.15 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.12.2022 околу 21.25 часот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.А.(36) и Е.Б.(36) од ова село, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против М.Ј.(19) од Штип, со престој во Радовиш, поради постоење на сомнение дека во периодот од април до декември 2022 година на подрачјето на Радовиш извршил осум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“. При службен разговор со пријавениот во Одделението за внатрешни работи Радовиш, тој ги признал делата. Притоа, едно од кривичните дела „тешка кражба“ го сторил заедно со С.Р.(21) од Штип, со престој во Радовиш, со кој, исто така, бил извршен разговор во полициска станица. Инаку, пет од делата ги сторил во викенд куќи на планина Плачковица, а останатите на други локации во Радовиш и околните населени места.

Спонзорирано: