„Како и многу пати до сега во својата историја, светот и Европа се престројуваат за новото време. Колку побрзо го осознаеме тоа како нација, колку побрзо ги протолкуваме пораките и делуваме силно, толку подобро за нас и иднината на нашиот народ. Ние мора да сме на големата маса кога се креираат новите политички доктрини“ изјави генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Скопје.
Тој додаде дека Македонецот не смее да ги повтори грешките од минатото и да дозволу други да решаваат за неговата судбина и иднина и да биде исклучен од важните глобални процеси.
„Суштината на нашето политичко делување мора да биде како државата да биде силна и интегрирана, да обезбеди европска закрила за идните млади македонски генерации“ рече Зечевиќ.
Генералниот секретар на СДСМ кажа дека СДСМ подава рака до сите кои сакаат да се приклучат во остварувањето на целта татковината да биде на главната маса на новата геополитичка реалност.
„Нашата нова голема тема, голема идеја, треба да биде големо општествено и националано помирување и обединување околу европскиот концепт, околу европскиот пат на државата“ рече Зечевиќ.