Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени три лица при претрес во Штип

Вчера во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Т.З.(44), М.Д.(19) и А.Ј.(22), сите од Штип.

При претрес во домот на Т.З., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати М.Д. и А.Ј., биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, две дигитални ваги, пари и предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Денеска го празнуваме Свети великомаченик Георгиј

ДЕСК

Временска идила: топли денови и сонце во следните три дена

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го одликуваше генерал-мајор Грегори Најт, командантот на Националната гарда на Вермонт со Орден за воени заслуги

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.