3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија

Денес во 10:00 часот во хотел Александар Палас, премиерот Димитар Ковачевски со воведно обраќање ќе ја отвори годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема: „Предизвици на економските политики во 2023 година“.

На панел сесија во рамки на конференцијата ќе говорат и министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за финансии Фатмир Бесими на тема: „Како истовремено да оствариме соборување на инфлацијата и раст на економијата“.

Конференцијата со наслов: „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ е во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

C +

ВМРО-ДПМНЕ: Нови авиолинии и нови патишта, Македонија се поврзува и станува подостапна за бизнис, туристи и регионална соработка

C +

ДУИ: Во Куманово се ширеше омраза, институциите молчат!

C +