Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

175 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (14.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 175 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 39 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Ова се новите луѓе на СДСМ – Објавена е листата на новите функционери

ДЕСК

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ДЕСК

МВР со важно известување до граѓаните во врска со “Сејф сити”

ДЕСК