25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Богоев: СДСМ е постојано на страната на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ е на страната на блокадите и деструкциите

СДСМ постојано покажува дека е државотворна партија која е на страната на граѓаните, порача вечерва од Кисела Вода, потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.

– Во овие десет месеци од мандатот на новата Влада предводена од СДСМ се донесоа, важни, тешки но и храбри одлуки во интерес на државата. На домашен план, ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, пензиите во два наврати ги зголемивме за вкупно 10 отсто, со 760 милиони евра антикризни мерки ги помагаме граѓаните и компаниите. Во Скопје го решивме проблемот со парното греење, а со одговорен и чесен пристап на Владата и премиерот Ковачевски, ги тргнавме блокадите на приватните превозници од улиците на Скопје. На надворешен план, ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, тече скрининг процесот, се преземаат неопходните реформи, со што по членството во НАТО, ја реализираме и втората стратешка цел, порача Богоев.

Потпретседателот Богоев истакна дека со Буџетот за 2023 година грижата за граѓаните ќе продолжи, дека се предвидени 250 милиони евра за нови мерки, но и средства за ново зголемување на пензиите.

Претседателот на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски пред присутните порача дека хаосот што последната година му се случува на Скопје е само поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.

– Една година Град Скопје стагнира наместо да се развива, една година гледаме партизација наместо професионализација на градската управа. Целата одговорност за блокадите, за хаосот што му се случува на Скопје е кај ВМРО-ДПМНЕ. Тие ги имаат сите полуги на градската власт, од градоначалничката па се до членовите на управните одбори и единствено ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е одговорни и тие треба да ги санираат штетните последици од нивното неработење. Наместо да се караат за провизии и тендери, наместо да шират лажни вести и конструкции, нека се фатат за работа за да престане катастрофата што му ја приредуваат на градот, порача Кичевски.