5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР: Нема промена на командирот на ГП Ќафасан, ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги

Министерството за внатрешни работи ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека за командир на граничниот премин Ќафасан е поставено лице кое отслужило затворска казна за криумчарење.

„МВР најостро ја демантира лагата пласирана денеска од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно за командир на граничен премин Ќафасан пред три месеци било поставено лице со отслужена затворска казна за криумчарење.

Станува збор за класична лага пласирана од оваа партија. Нема никаква промена на командирот на ГП Ќафасан! Напротив, подолг период командир на ГП Ќафасан е Ј. Б., професионалец со одлични резултати во работењето. Апелираме да ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги лаже граѓаните“ велат пд МВР.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК