На 12.12.2022 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ј.Н.(27) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле два револвери „Екол Випер“, 19 куршуми, 21 сачми од ловечки патрони и 14 испукани ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.