9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Честитка за Денот на Републиката на Малта од почесниот конзул Кочо Анѓушев

Почесниот конзул на Малта во Република Северна Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, го честита Денот на Републиката на Малта, со кој се одбележува промената на државното уредување на Малта од монархија како дел од Британската круна, во Република.

Почесниот конзул Анѓушев упати честитки до народот на Малта за храбрите државнички одлуки во минатото и за големите успеси во градење на републиката од страна на генерациите кои ја направија земјата дел од Европската Унија и една од најпросперитетните економии во Европа.
Почесниот конзулат на Малта, отворен во Скопје во 2021 година, меѓу другото презема и активности насочени кон засилување на економските врски меѓу стопанствата на двете држави.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници

ДЕСК

Започнал да гестикулира и да извикува нацистички поздрави, да пцуе и да упатува навредливи зборови на германски јазик кон директорот на Фондот на Холокаустот

ДЕСК

Филипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.