26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Скенирате фискални? – Доаѓаат повеќе пари во 2023, лимитот од 1800 ќе порасне на 2100 денари за проектот Мој Ддв

Се зголемува повратокот на данок преку Мој ДДВ, од 1800 на 2100 денари од први јануари 2023.

Обезбедени се средства, имавме голема заложба и мерката Мој ДДВ ќе продолжи да се реализира, на задоволство на сите, со зголемен лимит на 2.100 денари, најави минатиот месец заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

-Мерката Мој ДДВ даде резултат. Обезбедени се средства, повеќе од 2 милијарди се предвидени во буџетот затоа што ќе го зголемиме и лимитот. Како што ветивме од 2023 година ќе враќаме за едно тримесечие 2.100 денари кај граѓаните наместо досегашните 1.800 денари, рече Лукаревска.