25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Комично делуваат пресметките на две банди од власта додека корупцијата и криминалот цветаат

При денешната посета на општина Велес на настанот „Твојата идеја за промени“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на кавгата помеѓу вицепремиерката Грковска и шефот на ЈО Јовевски истакна дека смешни и комични делуваат пресметките на отворена сцена како крими нарко пресметка на две банди од власта додека корупцијата и криминалот цветаат и затоа се потребни предвремени парламентарни избори.

„Па реков дека веќе од сите страни на меѓународната заедница пристигнуваат обвинувања дека исклучително е криминална власта дека има огромно присуство на криминал и корупција интересни а помалку и смешни комични делуваат оние изјави на министерот за внатрешни работи кој што е министер 7 години за внатрешни работи дека сега еве требало да се реагира многу брзо и да се отвори фронт против криминалот и корупцијата, наместо да каже се повлекувам бидејќи не успеав во тоа, интересно и помалку комично и смешно делува кога доаѓа тоа од владини претставници кој што веќе 5 години се власт во Македонија а најинтересно и најкомично делува од политичката партија која што е 20 години дел од власта во Македонија тоа е ДУИ која што вели е сега е моментот кога ќе се борат со криминалот и корупцијата. Ниту имаат намера ниту ќе се борат. Зошто? Затоа што се ортаци со криминалците и затоа што се корумпирани, затоа се потребни предвремени парламентарни избори, нови луѓе да дојдат кои што ќе ги водат тие институции и кои што навистина ќе се справат со криминалот и со корупцијата. Оваа пресметка на отворена сцена ми делува како крими нарко пресметка на две банди од власта на отворена сцена кои што помеѓу себе, поради тоа што не можат да го поделат пленот и да ги задоволат личните интереси се препукуваат по медиумите. Тоа беше јасно покажано преку изборот на последните кадровски решенија во обвинителството за организиран криминал но исто така и во судскиот совет, и гледаме сега што се случува околу портретирањето од страна на вицепремиерката на јавниот државен обвинител кој што патем речено е предлог на таа иста партија за уставен судија. Затоа велам, потребни се предвремени парламентарни избори побргу смена, после смената да дојдат луѓе што ќе ги водат тие институции и потоа одговорност, ако сакаме навистина да се бориме против криминалот и корупцијата, се останато е само една обична претстава“, нагласи Мицкоски.